Двоецот Меркел-Макрон на средба со Заев и Радев во обид да издејствуваат решение

8

Премиерот Зоран Заев, заедно со двоецот Димитров – Османи денеска присуствуваат на Самитот на ЕУ за западен Балкан кој се одржува во Брдо – Крањ во Словенија.

Во рамките на собирот, Заев ќе има заедничка работна средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, и со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Заев ќе има заедничка средба и со премиерот на Словенија, Јанез Јанша и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Средбата ќе се случи на самитот во Словенија, од кој се очекува да произлезе декларација со која ќе се потврди заложбата за продолжување на процесот на проширување на земјите од западен Балкан, но без конкретни ветувања.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа од Љубљана рече дека Љвстрија би сакала датум за проширување на ЕУ за западен Балкан– ако нема датум, тогаш тоа често значи дека темпото се забавува – рече тој.