Двомесечно бебе од Битола позитивно на коронавирус, се заразило од бабата

38

Битола го доби најмалиот заразен жител со ковид-19. Тоа е двомесечно бебе кое според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град. Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на ковид-19.

Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар. Ова бебе е еден месец помало од тримесечното кое со коронавирус се зарази на крајот на август и успеа да ја победи болеста. Од ковид-19 според здравствената евиденција се имаат разболено и неколкумина деца, но вирусот го поминале без поголеми проблеми. Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.