Двоцифрен пад на прометот на Македонска берза во август

5

Промет од 5,3 милиони евра е оставрен во август Македонската берза, што е за над 14 отсто помалку од прометот претходниот месец јули. Пад има во речиси сите сегменти од тргувањето, а пораснал прометот остварен со блок трансакции.

Во класичното тргување се истргувани хартии од врендост во вкупна вредност од 3,3 милиони евра или 41,5 отстопомалку од јули. Вредноста на блок трансакциите изнесува безмалку два милиони евра или за над 250 проценти повеќе од јули.

Минимално е намалена и пазараната капитализација односно врендоста на друштвата кои котираат на берза.

Бројот на трансакции е намален за 34, 4 проценти.

Меѓу најтргуваните акции се тие на Комерцијална банка која го има приматот и месецов. Следуваат Алкалоид, Макпетрол и НЛБ Банка.