Двојно зголем бројот на заразени во Велика Британија, 40 починати во еден ден

10

Во последните 24 часа во Велика Британија се забележани 6.634 нови случаи на ковид-19, а починаа уште 40 лица. Вкупно во таа земја од коронавирус починаа 41.900 луѓе, што ја прави една од најпогоедните европски држави.

На 17 септември во Британија се евидентирани 3.395 новозаразени, што значи дека бројот на дневните нови случаи е дуплирал во последните седум дена.

Француските здравствен власти денеска известија за 16.000 нови случаи на зараза од коронавирус, што е значително повеќе од претходниот дневен рекорд од 13,4 илјади заразени, и најавија нови рестриктивни мерки, првенствено во градовите.