Деветмина музиканти завршија во карантин во Криволак (ВИДЕО)

13

Луѓето се жалат дека во карантинот нема основни услови за хигиена и преспивање.

Само девет македонски државјани, сите музиканти, кои синоќа се вратија од Австрија преку Деве Баир се сместени во центарот за изолација во објектот во Пепелиште, во воениот полигон Криволак. Станува збор за граѓани од ромска националност од Битола. Луѓето се жалат дека во карантинот нема основни услови за хигиена и преспивање.

– Сакаме домашен карантин. Ништо друго. Само ние деветмина завршивме во касарната во Пепелиште. Кај се другите – изјавија тие синоќа за ТВ 24.

Властите вчера најавија дека тука ќе се сместат 200 македонски граѓани кои се враќаа од европските земји преку Дебе Баир.

Битолчаните во видео материјалот што сами го снимија велат дека условите во објектот биле катастрофални.