Девојката хоспитализирана по примената вакцина на ,,АстраЗенека” не е во животозагрозувачка состојба

8

Дваесет и осумгодишната девојка, која е на болничко лекување поради тромботична реакција, откако ја примила вакцината против Ковид-19 во соседна Србија, не е во животозагрозувачка состојба – за ,,Фокус” изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Појаснува дека во конкретниот случај, настанала тромбоза на вената на едното око. Додава дека девојката немала хронични болести.

Веста дека 28-годишна девојка од земјава која се вакцинирала во Србија со вакцината на ,,АстраЗенека” е хоспиталзирана поради тромботична реакција, која се јавила после 6-7 дена од вакцинирањето, а која ја соопшти министерот Филипче, ја вознемири јавноста.

Актуелни се прашањата што точно значи тромботична реакција, дали девојката евентуално доживеала мозочен удар, дали и е загрозен животот.

Според примерите на Канада и Германија, и кај нас оваа вакцина се одлучи да се дава на лица постари од 60 години.
Министерот порача дека иако се ретки тромботичните реакции, потребна е голема претпазливост.