Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе престојува делегација на Комисијата за надворешна политика и дијаспора на Собранието на Рeпублика Косово.
Како што информираат од собраниската прес-служба, делегацијата ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и си претседателите на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми и на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, како и со членови на двете комисии.