Делта плус сојот пристигна и во Австрија: Потврдени случаи од најновата варијанта на Ковид која се шири со поголема брзина
Австрија потврди дека е регистрирано драматично зголемување на бројот на новозаразени со варијантата на коронавирусот AY.4.2, која е повеќе заразна од видот Делта.
Бројот на новозаразени со коронавирус во Австрија се зголеми во последните денови а според тамошните медицински експерти состојбата е загрижувачка и не се гледа скорешно подобрување . Само последните два дена во Австрија се регистрирани 7.400 новозаразени лица.
Profimedia
Епидемиолозите и вирусолозите истакнуваат дека новата варијанта се разликува од претходните соеви на Делта со две мутации на Спајк протеинот – Y145H и A222, што го прави значително позаразна. Сепак, засега се утврдува колку овој нов сој на Делта е поопасен од претходниот основен Делта тип на вирус
– Во последните недели во Австрија се регистрирани повеќе од 30 случаи на инфекција со новиот вид делта коронавирус. Тој е 10 до 15 проценти позаразен од видот делта – потврдија експерти од виенскиот Институтот за молекуларна биологија.
Како што се посочува, новиот под тип делта вирус „Делта плус“ брзо се шири и во другите делови на Европа, особено во нејзиниот континентален дел, каде што веќе се евидентирани околу 1.000 случаи на заболени .
И Германија потврди дека вирусот Делта плус е идентификуван кај 293 пациенти на нејзина територија, а се верува дека нјголем број на заразени од новиот сој на Делта има во Британија каде според проценките може да има до 20.000 новозаразени.
Покрај Австрија Британија и Германија, новиот Делта вирус досега е регистриран и во Русија и Ираел