Денвер без мака го реши преполовениот Милвоки

7

Денвер загуби две од последните три средби, но тимот на Никола Јокиќ не дозволи неуспех на дуелот на домашен терен против Милвоки. Најдобриот тим од источната конференација дојде сериозно ослабен, Адетокумбо, Лопез, Мидлтон и Бледсо не беа дел од екипата, а Денвер знаеше како да го искористи тоа и да стигне до победата. Домаќините уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и поведоа со 39-24 на крајот од првата четвртина, потоа не дозволувајќи му на Милвоки до самиот крај да направи пресврт.

Мареј беше предводник на победничката екипа со 21 поен, Милсап оствари дабл-дабл од 20 поени и 10 скокови, додека прв стрелец на Милвоки беше Корвер со 23 поени.

Атланта по голема битка дури по продолжение го скрши отпорот на Шарлот, триумфирајќи со 143-138. Јанг одигра извонреден меч реализирајќи 31 поен и 16 асистенции, Колинс придонесе со 28 поени и 11 скокови во новиот триумф на Атланта, најефикасен кај Шарлот беше Розиер со 40 поени.

Шампионот Торонто одигра одличен меч против Јута, славејќи во Солт Лејк Сити со 92-101 предводен од Ибака и Сиакам, кои постигнаа по 27 поени.

Резултати НБА:

Атланта – Шарлот 143-138 (по прод.), Денвер – Милвоки 109-95, Јута – Торонто 92-101.