Денвер го победи Лејкерс и се врати во живот (ВИДЕО)

7

Денвер со 114:106 го победи Лос Анџелес Лејкерс и намали на 2-1 во финалната серија на западот, трипл-дабл на Леброн Џејмс не беше доволен да се избегне поразот.

Финалната серија на западот е жива, Денвер Нагетс го добија третиот натпревар против Лејкерс и намали на 2-1.

Лејкерс имаше водство само во првата половина од првиот период, потоа Денвер ја презема контролата на мечот, во неколку наврати имаше предност дури и од 20 поени разлика, на крајот победи со 114:106.

Мареј беше најдобриот играч кај Денвер, постигна 28 поени, имаше 12 асистенции и осум скока, Грант реализираше 26, а Никола Јокиќ 22 поени и 10 скокови.

Кај Лејкерс извонредна партија имаше Леброн Џејмс кој постигна трипл-дабл, 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции, Ентони Дејвис постигна 27 поени.