Денеска два протеста во Скопје против поскапувањето на струјата

7

Два протестни марша против поскапувањето на струјата се најавени за попладнево во Скопје, едниот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот на конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ).

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера на прес-конференција најави нов протест за попладнево против поскапувањето на струјата. Протестот ќе започне пред “Палома бјанка” во 14 часот, а потоа пред Регулаторната комисија еден час со аКонфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) од 18 часот најави протестен мото-синдикален граѓански марш што ќе тргне од „Чаирчанка” и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието. За време на протестот 10 до 20 возила и стотина граѓани, во знак на негодување ќе изразат револт за постапката и иницијатива за покачување на струјата.