Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче

11

Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче кое исчезна во Преспанското езеро.

Оваа потрага по малолетното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро синоќа беше привремено прекината поради временските услови, но рано изутринава продолжува се до пронаоѓање на момчето, потврдиле од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.