Денеска ќе биде позната покачената цена на парното греење

6

Регулаторна комисија за енергетика за денеска најави повеќе детали околу цената на парното греење , откако вчера одржа подготвителна седница на која бил прифатен тарифниот систем според кој од понеделник односно од 01.08.2022 година, парното, според една калкулација на РКЕ, се покачува за околу 15 отсто. Денеска треба да е појасно прво: се околу покачувањето на цената и второ: дали државата би субвенционирала дел од ова покачување.

РКЕ објави дека прифатено било снабдување со топлинска енергија за домаќинствата по 2,7795 денари од киловатчас. Овој износ, пресметано значи дека цената е покачена за 15 проценти повеќе од постојната цена која важи последните 6 месеци а изнесува 2,4174 денари за киловатчас.

Според графиконот исто така за 15 отсто се зголемува и цената за топлинската енергија во Образованието односно училиштата и за сите оние што влегуваат во категоријата „Останати“ како што се деловните субјекти. За нив сега киловатчас ќе чини 5,2810 денари , или речиси двојно од онаа топлинска енергија што би ја плаќале околу 60-те илјади домаќинства колку што се греат на парно.

Во една прилика првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски изјави, „ако се водиме од порастот на цената на гасот, парното треба да се поскапи за 150 отсто, но државата тоа нема да го дозволи , уверува тој.

Тендерот за нов снабдувач на топлинска енергија откако на БЕГ, пред неколку месеци му беше одземена дозволата, треба да се објави деновиве. ЕСМ која и сега е задолжена за испорака на топлинска енергија соопшти дека ќе учествува на тендерот.