„Денови на македонската литература за деца 2019“ во Софија

11

Денес (12 декември 2019 година) со почеток од 18 часот во македонскиот културно информативен центар во Софија ќе биде отворена манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2019“. Настанот е инициран од издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје и е поддржан од македонското Министерство за култура.

Во текот на манифестацијата ќе биде претставена литературата за деца и изданијата отпечатени во последните 3 години. За настанот се поканети автори на публикации, автори во списанието СУПЕР СМЕШКА, наградени автори на фестивалот на поезија за деца – проектот „СТИХУВАЛКИ 2018“, автори на илустрации и на голем број публикации.

Преку „Деновите на македонската литература за деца“ се афирмира домашното литературно творештво и придонесува за збогатувањето на културната размена меѓу Македонија и Бугарија

Издавачката куќа ЕДУКА МАК е специјализирана за издавање на литература за деца во која спаѓаат сликовници, книги со поезија и раскази, едукативни прирачници за деца, месечното списание за деца „СУПЕР СМЕШКА“ и други изданија. ЕДУКА МАК е единствена издавачка куќа во земјава која исклучиво се занимава со создавање и издавање на литература за деца.