ДЕПРЕСИВЕН НАРОД И ЌОРАВА ИДНИНА

157

Што вели вистината за Македонија? Вели, таа е како растурен транзистор залепен со селотејп. Колку да има некаква музика. Колку да дига некаква галама. Лагата ионака одамна шета по Македонија во убаво ‘‘европско‘‘ руво. На одличен пат сме да влеземе во Европа вели. А кога!? А, некој од далеку вика ‘‘никад, а можда ни тад‘‘!

 

Од Агим ЈОНУЗ

Се мрднавме од памет бе луѓе! И кучињата по улица станаа депресивни па наместо да лајат само ке покажат зуби и ке си свртат опашка во стилот ‘‘ ме мрзи да лајам‘‘. И они дури гледаат дека нешто не е во ред. Само партиските војници задолжени со газот во скутот на партиите велат ‘‘ све је у најбољем реду друже‘‘. Има една српска поговорка која вели ‘‘ ко не полуди тај није нормалан‘‘. Популација која троши најмногу Диазепам по глава на жител има своја приказна за која треба да се дискутира. Дали постои нормален човек во смисла да не употребува никакво средство за смирување во државава. Е, да, не е се во лековите, има тука и други финти, стимуланси, а најчесто алкохол.Некој го пие отворено демек, ‘‘ колку за атер‘‘ која е старо оправдување за секој алкохоличар, а кој скришно, па никогаш не ти е јасно кога го гледаш зошто е толку смирен, а очите му се црвени како ‘‘ Марлборо‘‘. Јас сум ги поминал сите финти и сите фази. Барем си признавам, за разлика од некои кои се декларираат како безгрешни ‘‘ хафузи‘‘, а зад нивната приказна само тие си знаат што стои. Арно, ама, господ гледа. Секој за себе. Има една огромна маса која и се врти на религијата се повеќе, иако и тука има страшно голема хипокризија. Социопатологијата и господ не одат заедно. Поготово не политиката и господ. Ако земеме во предвид дека религијата и господ како институција инсистираат на кодекс кој подразбира пред се чесност и позитивни хумани релации, доаѓаме до констатација дека господ на крајот испаѓа само една одлична завеса за криење на самиот себе си ‘‘ од самиот себе си‘‘. Битно, функционира. Тоа што на крај не се знае ни кој пие ни кој плаќа не е битно, затоа што нештата функционираат, па сеа како, тоа е. Ќути и пливај, гледај да не се удавиш во реката наречена социопатологија. Ионака викаат дека ова не е живот туку тест на издржливост.

Дојде онаесенско време во кое ноќе е ‘‘грч’’ ладно а дење се зноиме. Ама некоја чудна пот. Ладна. Чешаш глава имаш долгови, пари немаш, а капак на се сакаш да работиш и да заработиш, ама нема како. Не дека сакаш да бидеш лузер, ама каде и да се свртиш, што би рекол еден мој припрост другар, ‘‘ за што и да се фатам, за стап се фаќам‘‘! Дури и најголемите дубарџии, преваранти и далаверџии почнаа да плачат дека нема пари. А, што да речат тек приватните стопанственици. Ептен тие што продаваат храна работат со позитивна нула, зашто народ  мора да јаде, па макар на вересија. Море, ни вересија нема више, не те ферма никој! Самата држава не те ферма! Цркавај ‘‘ на нивоу‘‘ друже мој и спремај се за киселиот купус зимоска. Уште колку куршуми има власта да пука дека се е под контрола? Не знаеш дали народов е по уплашен, по збунет, по дезинформиран или по ебан у мозак. Претпоставката дека тенденцијаата ‘‘иде само на бетер‘‘ ке еволуира сериозно и реално, неизбежно повлекува прашање како народот ќе се справи со сето тоа.  Има една стара народна која вели ‘‘ сечи уши, крпи дупе‘‘. До кога ќе сечеме уши бе друже мој, па немаме уши ‘‘ од тука до Гостивар‘‘! И тие се толкави колкави се.  А каква е ситуацијата?  Ситуацијата е најблаго речено гомна! На човек мачнина да му фати желудникот кога ке помисли дека во наредниот  период ке бидеме сведоци на веќе видена излижана атмосфера на ‘‘за државата се,..се…‘‘ од една страна и од друга бојкот, сакаме нови избори, мајки , шајки, избледени национализми проткаени низ фрази кои се сипаат колку да се има нешто да се каже и да се заработи дневница. Европа ке биде главната тема за разговор и мачкање очи на народот кој навикнал да му правиш се што сакаш. Државава и понатаму ќе биде ментална гасна комора за оние кои размислуваат со свој мозок, ама немаат кај да бегаат зошто комората си е комора, затворена, четири зида и дупчиња низ кои медиумите ти пуштаат отров.  Квалитетот на животот се топи како глечер на Гренланд, со интенција да остави само кал и камења довлечкани од топењето и времето.  Без светло во тунелот  низ кој се влечеме како оној во воено Сараево кога луѓето мораа да го минат во надеж за спас. Спас кај нас нема уште долго. Барем не на овој начин. Тоа не значи дека го нема, но данокот на сопствената мизерија на ментумот и разумот додека го исплатиме, веројатно оваа колумна ке биде историја од трета генерација.

Албанците ( се надевам) ја минуваат последната лекција која вели не може вечно да се биде во филмот ‘‘ Тути Албанези – Тути Команданти‘‘!  Категоричен сум во тоа дека на албанската страна не и требаат повеќе од две партии. Таму сликата е како на автобуска станица на која доаѓа автобус и се бутка секој ‘‘ гс преку глава‘‘ само за да влезе во аутобусот. Не е битно каде води. Битно е ‘‘ да се возиш‘‘, а до каде, ќе размислуваме покасно.  Декапитализацијата на Али Ахмети е задача број еден за секој што носи машна. А зошто?! Затоа што е најкурназ, најпаметен, најзаслужен за актуелното општествено-социолошко ниво на Албанците во државава. Кој што направи, тој направи. Вистина е дека на албанската страна сеуште огромна бројка на интелектуалци е во сенка, неафирмирани, запоставени, но вистина е и дека сеуште е време на ‘‘врели костени‘‘ за која Али е специјализиран. А за тоа треба не само ум туку и да простите – муда! Е, па сега ако некој не успеал да биде досега ‘‘Али наместо Али‘‘, тоа е негов проблем.  Во секој случај, онака како што функционира рамковниот договор за кој секогаш се наоѓаат забелешки дека нешто фали за да биде комплетен, Али отиде и ‘‘ преку Вардар и одоваде Вардар‘‘ играјки како Лео Меси против некој селски тим.  Македонската приказна е ‘‘Црна се чума зададе там‘ долу Македонија‘‘. Во таа песна еден стих прашува ‘‘кој ќе се јунак појави чумата да ја убие‘‘. Оваа страна сеуште не успеа да направи свој ‘‘сеопшт‘‘ херој кој дефинитивно ќе ги сплоти македонците во едно национално тело кое нема така лесно да биде ранливо на нападите во политичката војна со албанската страна. Проклетијата на исконското не единство си го зима данокот на историјата. Бисултанатот во македонската страна е формула која никогаш нема да создаде здраво ткиво за кое реално се гине, а не декларативно.  Вечната борба меѓу ВМРО и СДСМ еднаш ќе мора да произведе некоков компромисен модел кој барем ќе умее да ги штити македонските национални интереси. Се повеќе се појавува и Левица како некаков фактор, но она што праксата го покажува е дека таа никогаш нема да може да биде фактор на конструктивност ако се земе во предвид практикувањето на политиката на ‘‘ мразам се околу себе‘‘! Македонија изгуби еден огромен квантум на мозоци како државен одлив на спремни луѓе да инсталираат нова историја и иднина базирана на современите текови во Европа и светот. Тие не само што не сакаат да се вратат, туку дури и ја презираат оваа наша стварност гледајки дека ‘‘ нема лек за будали‘‘. Дека нема лек против Голијат олицетворен во незрела демократија презентирана од маса која нема капацитет. Која од на нива право влегува во собраниско бифе. Која до вчера не знаела од носот понатаму, ама сега знае дури пола метар. И сето тоа во време во кое НАСА лета дронови на сред Марс!

Што може да очекуваме на политичката сцена во Македонија оваа есен. Апсолутно ништо спектакуларно, освен веројатно еден нов тренд на ‘‘божем се бавиме со борба против корупцијата‘‘. Кој и што може да очекува спектакуларно ако се земе во предвид дека најкрупните зверки едноставно покажаа дека може да се пазариш со власта и да заврши се во обостран интерес на релација ‘‘лопови-власт‘‘.  Многу веројатно ке се изнагледаме резили кои ке бидат откривани, но дека некакви крупни промени ке нема. Политиката и понатаму ке си ја води онаа медиумска приказна дека веќе сме на патот кон Европа и дека скринингот кој е започнат безмалку е скоро завршена работа за влез во европската фамилија. Никој не фрла акцент на кризата која полека ама сигурно и ги затресува ногите дури и на гигантите како што се Германија и Франција, а камо ли на Македонија. Ние оваа зима ке бидеме како покиснати глувци во некое ќуше и ке бидеме среќни ако воопшто успеваме да се прехраниме. Одвреме навреме ке се фрлаат некои медиумски спинови дека имаме напредок, ама дека треба да бидеме претпазливи зашто има уроци и да не ја расипеме работата. Народот депресивен како никогаш до сега, со еден зелен поглед кој вели дека ништо повеќе не може да го изненади. Војната во Украина се претвори во долга приказна со неизвесен крај. Македонија има ќорава иднина. Никој не знае што ќе ја снајде, ако се земе во предвид дека и наоколу нас има неизвесност, па и пошироко. Целиот свет е во некаква магла врзана за тоа што конкретно ке се случи. Дали е на повидок иницирање на посилен бран на криминал, а искључиво мотивиран од гладен стомак и очај? Што и како социјалната држава ќе преземе за сите оние кои на пазар продаваат врз картонска кутија за да однесат леб дома? Питачите на раскрсници. Социјалните случаи. Немоќните. Самохраните родители. Болните. Има ли одговор каде и кому да се обрати некој што нема можност да се прехрани. Да купи лек. Каде и кому да се обрати некој што не знае да се ‘‘снаоѓа‘‘. Сево ова дополнително затежнато со податокот дека крахот во економијата допрва следи и последиците ќе бидат ‘‘господ напомош‘‘!

Легендата од 19. век вели дека се сретнале еднаш Вистината и Лагата. Лагата ја поздравила Вистината со зборовите: “Денес е добар ден”. Вистината се свртела околу себе, погледнала во небо и навистина денот бил добар. Некое време се шетале заедно, се додека не стасале до голем извор на вода. Лагата ја ставила раката во водата, се свртела кон Вистината и и’ кажала: ” Убава и топла вода”, па ја прашала дали сака да пливаат заедно. Вистината пак била сомничава. Ја ставила раката во водата и таа навистина била топла. Двете пливале едно време заедно, кога од еднаш Лагата излегла од бунарот, ја облекла облеката на Вистината и исчезнала. Лута Вистината излегла гола, трчала насекаде, барајќи ја Лагата да и ги врати алиштата. Светот кој ја видел гола ја осудил на срам и бес. Кутрата Вистина, посрамена, се свртела, одползела кон бунарот за навек. Од тогаш, Лагата патува по светот облечена како Вистина, задоволувајќи ги потребите на светот, кој никако не сака да ја види голата Вистина.

Што вели вистината за Македонија? Вели, таа е како растурен транзистор залепен со селотејп. Колку да има некаква музика. Колку да дига некаква галама. Лагата ионака одамна шета по Македонија во убаво ‘‘европско‘‘ руво. На одличен пат сме да влеземе во Европа вели. А кога!? А, некој од далеку вика ‘‘никад, а можда ни тад‘‘!

ОООО   ЏЕМААТ!… Глеј си своја работа и не прашувај многу, зошто ако прашуваш, ке добиеш онолку одговори колку што има политички партии! А, единствениот точен одговор како и да свртиш е дека со се државата си отиден одамна у пичку лепу материну! Сиктер дома!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)