Дескоска се враќа на професорското место на Универзитет, нема да биде министерка

34

Дескоска, која беше и министерка за образование во владата на СДСМ е професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Актуелната министерка за правда Рената Дескоска се повлекува од извршната власт, потврди за Плусинфо кабинетот на министерката..

– Јас најавив пред извесно време дека сакам да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна работа. Секако, Владата, премиерот Заев и кој и да е новиот министер за правда ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка – вели Дескоска.

Дескоска, која беше и министерка за образование во владата на СДСМ е професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таа е и членка на Извршниот одбор на СДСМ и македонска претставничка во Венецијанската комисија.