Детали од приватноста во замена за 16 милиони фунти: Нетфликс ќе снима серија за животот на Бекамови

14

Поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам и неговата сопруга, некогашната пејачка и модна дизајнерка Викторија Бекам ќе добијат 16 милиони фунти од Нетфликс додека за возврат ќе ѝ дозволат на продуцентската куќа да го следи секој нивен чекор.

Серијата ќе ги следи случувањата во нивниот секојдневен живот додека филмската екипа сепак најмногу ќе го следи Дејвид.

Имено, парот кој е „тежок“ 769 милиони фунти ќе сними серија која ќе ги прикаже невидените моменти од нивното семејство од секојдневниот живот, а на сето тоа се согласиле бидејќи тие сакаат да ги документираат семејните моменти на камера.

Шоуто ќе се заснова на животот на поранешниот фудбалер, а гледачите исто така ќе можат да ги видат урнебесните моменти од минатото кога фудбалерот ѝ се додворувал на Викторија.

„Серијата на Нетфликс ќе ја покаже сосема другата страна на Дејвид, онаа која јавноста многу ретко може да ја види“, изјавил извор близок до семејството и додал:

„Во семејството на Дејвид сите се архивисти. Тие со гордост ја документираат неговата кариера уште откако бил дете и сите овие години ги чуваат сите стари исечоци од локалните весници и тимските фотографии“.

Освен членовите на семејството, во серијата ќе се најдат и сите кои биле поврзани со фудбалската кариера на Бекам, па и неговите некогашни соиграчи.

„Во серијата ќе зборуваат и неговите колеги од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид како Кристијано Роналдо, Рајан Гигс и многу други“, заклучил изворот.