Дефанзивците му донесоа важна победа на Реал Мадрид

10

Алавес се покажа како незгоден противник за Реал Мадрид, но отпорот на домаќините и дождот не ги спречија гостите да ги освојат бодовите (1:2).

Првото полувреме не донесе голови, а на стартот на вториот дел Серхио Рамос со уште еден важен гол ја најави победата на својот тим.

Но, Алавес брзо возврати, откако Лукас Перез реализираше пенал и се врати во игра за позитивен резултат. Сепак, четири минути подоцна, одбраната на Алавес не се прослави со својата реакција, а Дани Карвахал од втор план со првиот гол сезонава успеа да ги постави конечните 1:2.

Со оваа победа, Реал е на врвот со три бода повеќе од Барселона која утре се среќава со Атлетико Мадрид.