Де Брујне го престигна Руни за најмногу асистенции во Премиер лигата, само двајца играчи се пред него

2

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е меѓу првите тројца по бројот на асистенции во целата историја на Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Белгиец му асистираше на Џулијан Алварез на вчерашниот натпревар против Барнли во 22. коло од Премиер лигата.

Оваа асистенција беше 104-та за Де Брујне во Премиер лигата. Тој го надмина поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, кој застана на 103 додавања по кои неговите соиграчи постигнаа гол.

Сега само поранешниот фудбалер на Арсенал и Челзи, Сеск Фабрегас (111 асистенции) и поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс (162) се пред Де Брујне во оваа статистичка категорија.