„Де Лихт и Дибала се полојални на своите менаџери отколку кон Јувентус“

1

Еден од директорите на најтрофејниот италијански клуб Јувентус, Маурисио Аривабене жестоко нападна две ѕвезди на „старата дама“, холандскиот стопер Матијс Де Лихт и аргентинскиот плејмејкер Пауло Дибала, доведувајќи ја во прашање вистинската лојалност на двоецот кон великанот и црно-белиот дрес.

Аривабене посочува дека Де Лихт и Дибала се повеќе лојални кон своите менаџери, наместо кон клубот кој ги плаќа, а сето ова доаѓа во ек кога никако Јувентус да се најде со двајцата фудбалери околу продолжување на соработката, иако неколкупати се најавуваше дека само прашање на ден е кога сѐ ќе се официјализира.

„Денеска сите фудбалери се полојални кон менаџерите отколку кон клубовите, а во случајов тоа посебно се гледа од Дибала и Де Лихт. Дибала е одлична ‘десетка’, Де Лихт е фантастичен стопер и тие ја работат својата работа, ние нашата… Постојат добри сигнали дека може да има продолжување на соработката, но… Лесно е да се каже дека ви значи клубот за кој играте, ама тоа треба да се покаже и докаже, посебно на терен. Дибала во последно време има многу проблеми, а кога игра – навистина игра! Де Лихт игра добро… Кога ќе дојде време ќе разговараме, но реков има сигнали дека може да има продолжување на соработката. Ние ќе разговараме и ниту еден фудбалер не делиме, нема разлика меѓу играчите во Јувентус“, вели Аривабене.