ДИК: Нема да има редици за гласање како во првиот круг, фингерпринт-уредите ќе бидат побрзи

4

Државната изборна комисија в недела не очекува повторно редици за гласање како во првиот круг од локалните избори, а за да нема технички проблеми со уредите за биометриска идентификација на отпечатоците од прст, ќе ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места.

Тој најавува дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. „Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на фингерпринт во вториот круг, ќе биде подобрена, за што ДИК спроведе дополнителна обука. Првото искуство ни овозможи во вториот круг да влеземе поподготвени, а и избирачкиот материјал е помал“, најави денеска претседателот на ДИК, Алексанфдар даштевски.

Денеска претпладне од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола беше превземен доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од локалните избори. Испечатените 1,6 милиони ливчиња од доверливиот избирачки материјал во текот на денот ќе биде превземен од општинските изборни комисии во општините каде ќе има гласање.

В недела ќе се гласа во вкупно 44 општини, а во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, откако таму не излегоа потребните 33 отсто од вкупното гласачко тело.