Димова: Немаме друг избор освен да ги докажеме невистините и клеветите пред надлежен суд

11

Директорката на националната агенција Лидија Димова преку соопштение во јавноста ги демантира наводите кои беа објавени дека агенцијата финансирала фризерница со огромни суми и рече дека клеветите ќе ги докажува на суд.

– Националната агенција не финансираше фризерница иако и тоа е дозволено и се правело во минатото, туку го финансираше претријатието „Вредност на европско знаење“, чиј што скратен назив Е В.Е.З. Трејд и исто така постои во Централниот регистар. Седиштето на оваа фирма е токму на адресата која ја посочува, каде по некоја случајност во овој момент се обавува фризерска дејност, бидејќи лицето кое го користи тој локал ја обавуваа таа дејност. Но, фризерот кој ја обавува таа дејност ниту е Зоран Златковски, ниту тоа лице има каква било поврзаност со грантовите на Еразмус + програмата. Таа напоменува дека Еразмус+ проектите се финансираат според строги процедури пропишани од Брисел.за да се отстрани сомнежот за можни злоупотреби премиерот заев побара од директорката да свика прес-конференција да ги објави сите детали околу доделувањето на средствата.