Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерни 2.2 милиони евра европски пари

40

Процесот е многу комплициран и е под окото на Европската комисија, исто така целиот процес на доделување на проекти се снима и може да се изврши увид на тоа изјави директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова

– Не се магарињата толку смешни како што сакаше да се направи приказна во јавноста и тоа не беше случајно. Таа небулоза произлезе од господинот Тортевски кој се забавуваше со темата магариња, а господинот Тортевски има тужба против Европската агенција бидејќи му скративме срдства за проект и тоа не беше толку случајно – изјави Димова на денешната пресконференција за новинарите.

Димова потоа им порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не планира да поднесе оставка додека не се открие каде се проневерни 2.2 милиони евра европски пари.

-ВМРО-ДПМНЕ инсистираше јас да дадам оставка, но ќе мрорам да ги разочарам, нема да дадам моставка, нема потреба да се тревожат, системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.