Димовски: Уставот е јасен, собранието не смее да одлучува без да се собере и да заседава!

54

Во македонскиот јазик зборот “собрание” значи собирање на луѓе на едно место, собирање заради заедничко одлучување. Собранието ниту може (според Устав и Деловник), ниту смее да одлучува без да се собере и да заседава, напиша поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил.

Според него, идејата за он-лајн седници на Собранието е спротивна на Уставот на Република Македонија кој можноста Собранието да работи ја поврзува единствено со присуство.

ТОПЧЕТО И ТРИТЕ КУТИВЧИЊА НА КАМЕН МОСТСобранието е во криза.Собранието не може и не смее да работи и одлучува без да…

Publiée par Ilija Dimovski sur Lundi 12 octobre 2020

-Уставот е јасен и во својот член 69 вели: “Собранието може да работи ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.”, додаде тој.

Според Димовски, секое брзање и постапување во Собранието без општа согласност ќе раѓа само нови кризи. Опозицијата треба да е вклучена, но не како инструмент за остварување на целите само на власта. Власта треба да понуди концепт за кој гласачите на опозицијата ќе веруваат дека нивните пратеници треба да застанат и го поддржат. Се друго не е политика, се друго е како онаа игра на Камен мост со топчето и трите кутивчиња.