Дипломатите и цивилите се евакуираат со воени летови од Авганистан

3

Пистата, која во понеделникот беше исполнета од илјадници луѓе кои очајно сакаат да побегнат од главниот град на Авганистан, сега е без гужва, велат официјални претставници
Од утрово започнаа воените летови за евакуација на дипломати и цивили од Авганистан, изјавил за Ројтерс западен претставник на аеродромот во Кабул.

Пистата, која во понеделникот беше исполнета од илјадници луѓе кои очајно сакаат да побегнат од главниот град на Авганистан, сега е без гужва, велат официјални претставници. Поради хаосот вчера, американските сили задолжени за обезбедување на аеродромот ги прекинаа летовите за евакуација.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека целосно стои зад неговата одлука да се повлече од Авганистан, бидејќи американските војници не треба да се борат и да загинат во војна во која самите Авганистанци не сакаат да се борат.