Директорот на Управата за финансиска полиција заработил кривична пријава од ОЈО

127

Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми сторил кривично дело злоупотреба на служнбената положба и овластувања, како и кривчно дело „насилство“, Основното јавно обвинителство денеска поднело кривична пријава за шефот на оваа владина иснтитуциа, објави НетПрес кој дошол до соодветните документи.

Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на служба се трите дела за кои се обвинува Муареми и ќе треба да го докажува спротивното, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по пријава од група граѓани изврши претрес во Управата за финансиска полиција.

Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал за вршење притисок врз правни субјекти кои биле рекетирани и уценувани да исплатат „црни пари“, а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив.