Дијаспората условена – или поголем број на пријавени гласачи или воопшто нема да гласа

10

Државната изборна комисија на денешната, прва во оваа година, седница согласно член 153-а од Изборниот законик, по известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија за престанок на мандатот на пратеникот Невенка Стаменковска Стојковски, извести за добиена согласност од Емилија Трајковска, од ВМРО-ДПМНЕ како следна на листата од минатите парламентарани избори, да го преземе мандатот, по поднесување на извештајот Собарнието. Следниот чекор останува на пленарна седница Собранието да го констатира нејзниниот мандат.

Спорец Предлог решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2020 година ДИК ќе располага со 646 723 000 денари, од кои по програма 20 – Државна изборна комисија со 75 223 000 денари, а во програма 21 – Изборни активности, со 571 500 000 денари, каде најголем дел од средствата се предвидени за медиумската кампања на политичките партии, односно 233 милиони денари. Доколку има потреба ДИК од другите ставки ќе дополни за медиумската кампања до 400 милиони денари.

Според буџетот оваа година ДИК ќе располага со скоро 62 милиони денари за јавни набавки за време на изборите, кои треба да се спроведат во јануари и февруари. ДИК предвидува јавните набавки да се спорвдат по редовна постпка, освен за набавка за гласачки ливчиња што ќе се направи по завршување на Увидот во Избирачкиот список и утврдување на канднидатските листи. За доверливиот материјал предвидени се 21 милион денари, а за избирачките одбори за гласање во дијаспората, 15 милиони денари.

Овие избори, во дијаспората ќе се гласа само доколку се исполни критериумот од 6 700 пријавени гласачи, односно онолку колку што имал пратеникот со најмла број гласови на претходните парламентарни избори. Доколку овој услов не се исполни дијаспората за овие предвремени парламентарни збори нема да гласа.