Додик: Ѓукановиќ доживеа пропаст

5

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик оцени синоќа дека претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ „доживеал пропаст“ бидејќи, како што наведе, се обидел да се пресмета „со српската национална линија“.

„Ова е симболичен крај на режимот на Ѓукановиќ кој се засноваше на кавга, опструкција на српското национално битие, интересите и правата во Црна Гора“, кажа Додик во Бања Лука.

Како што наведе, тоа се случило во оној момент кога Ѓукановиќ „помислил дека може да се пресмета со Србите и Српската православна црква“.

„Кога тргна да ги граба црквите и црковниот имот тогаш протестите доведоа до неговиот политички пораз, а последните случувања покажаа дека работел во корист на својата политичка пропаст. Јасни се два факти, а тоа се дека митрополитот Јоаникие е устоличен и дека СПЦ ја покажа својата сила во Црна Гора“, порача Додик.