Доларот најсилен во последните 5 години, еврото на најниско ниво

7

Поради несигурноста на финансиските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во последните пет години.

Доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 103,28 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,37 поени.

Доколку доларот дополнително зајакне на 103,82 поени, тоа ќе биде неговото највисоко ниво од 2002 година.

Утринава курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 127,45 на 129,65 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0525 долари, најниско ниво во последните пет години, додека вчера во ова време беше 1,0635 долари.

Цените на нафтата, пак, се под притисок втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 1,52 отсто на 103,72 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 1,53 отсто на 100,46 долари.