Доминација на Дејвис, Лејкерси ги победија Феникс Санс

10

ЛА Лејкерс останаа во трката за место во плеј-офот, по победата над Феникс Санс 123:110. Лејкерси се седми на Западот, позиција која во овој момент им носи место само во плеј-ин, доколку останат на оваа позиција ќе разигруваат за место во плеј-офот.

Ентони Дејвис, го одигра најдобриот меч сезонава, постигна 42 поени, на кои придодаде 12 скока, пет асистенции, три украдени топки и три блокади. Во триумфот на „езерџиите“, по 17 поени постигнаа Алекс Карузо и Кентавијус Калдвел-Поуп.

Од местото во плеј-ин не се откажуваат Чикаго Булс. Никола Вучевиќ со дабл-дабл од 29 поени и 16 скокови го водеше Булс до победата над Детроит Пистонс 108:96.

Булс се 11 на Истокот, со две победи помалку од Индијана Пејсерс.

Резултати:

Шарлот-Њу Орлеанс 110:112

Кливленд-Далас 97:124

Орландо-Минесота 96:128

Сакраменто-Оклахома 126:98.