Дончиќ и Далас израмнија во серијата со Феникс (ВИДЕО)

2

Далас со 111:101 го победи Феникс и изедначи на 2-2, ист е резултатот и на дуелот меѓу Филаделфија и Мајами откако домаќините славеа со 116-108.

Далас ги доби двете домашни средби со Феникс и изедначи на 2-2. Лука Дончиќ со 26 поени и 11 асистенции беше најдобар во составот на домаќините, Фини-Смит реализираше 24. Кај Феникс најдобар беше Букер со 35 поени.

Филаделфија исто како и Далас, со две домашни победи дојде до израмнување во серијата со Мајами. Синоќа победија со 116-108. Батлер постигна 40 поени за Мајами, но тие не беа доволни, во составот на Филаделфија, Харден постигна 31 поен, Ембид имаше 24 поени и 11 скокови.

Резултати:

Далас – Феникс 111:101 (2-2)
Филаделфија – Мајами 116:108 (2-2)