Дончиќ одигра докторски, Марјановиќ со потег на вечерта, но Далас – загуби (ВИДЕО)

8

Лука Дончиќ одигра маестрално во синоќешната средба на Далас маверикс, но тоа не беше доволно да го спречи поразот на својот тим во пресметката со Феникс санс (115-117).

Словенецот средбата ја заврши со 40 поени, 11 асистенции и осум скока, што за малку не им го донесе посакуваниот триумф на „телињата“. Девин Букер со 30 поени беше најдобар кај „сонцата“. Како мала утеха, џинот во дресот на Далас, Бобан Марјановиќ, го имаше потегот на вечерта, откако во полн трк, во стилот на талеку пониските и поподвижни НБА-ѕвезди, заби преку противничкиот бек, Шпанецот Рики Рубио.