Дончиќ со звукот на сирената им пресуди на Клиперси

6

Неверојатниот Лука Дончиќ синоќа влезе во историјата на НБА-лигата. Словенецот стана најмладиот играч што во плејоф-натпревар забележал 43 поени, 17 скока и 13 асистенции. Далас славеше над ЛА Клиперс во дополнителните пет минути со 135:133 и го израмни резултатот во серијата на 2:2.

Дончиќ во последниот напад на Далас со звукот на сирената погоди за победа.

„Лука играта ја гледаше на 6Г, а не на 5Г-мрежата. Тоа е некое ново ниво. Тој е исклучително добар играч, а денешниот меч беше од друга планета“, рекол тренерот на Далас, Рик Карлајл.

Словенецот во првите четири натпревар во плејофот има просек од 31,5 поен, 10,5 скока и 9,8 асистенции.

Најефикасни играчи на ЛА Клиперс беа Лу Вилијамс со 36 и Каваи Ленард со 32 поена.