Дојде и во соседството! Мутираниот вид коронавирус регистриран во Грција

20

Први шест случаи на мутираниот коронавирус се откриени во Грција кај луѓе кои неодамна пристигнале од Велика Британија, пренесоа грчките медиуми.

Како што пишува „Катимерини“, петмина од нив се грчки државјани, а еден е Британец. Сите пристигнале викендов од Велика Британија и веќе се во карантин.

За новата мутација на вирусот, откриена во Велика Британија, која се прошири речиси низ целиот свет, се смета дека е многу позаразна од претходните.

Грција вчера влезе со построг рестриктивен режим во борбата против вирусот корона, кој ќе важи до 10 јануари.

Мерките вклучуваат полициски час од 21 до 5 часот наутро, затворање на продавници и услужни дејности како што се фризери и салони за убавина.

Facebook Twitter Pinterest