Доњецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија

18

Овој потег доаѓа неколку часа откако Москва ја поддржа нивната независност.

Бунтовничките украински региони Доњецк и Луганск го ратификуваа договорот за пријателство и помош со Москва, со што формално се отвораат вратите за добивање воена и финансиска поддршка, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на нивната независност.

Во изјавите објавени истовремено во вторникот, парламентот на самопрогласената народна република Доњецк и народниот совет на Луганск објавија дека одлуката за ратификување на „Договорот за пријателство и соработка со Руската Федерација“ била усвоена едногласно од двете собранија.

Еден ден претходно, Путин одржа телевизиско национално обраќање во кое рече „Сметам дека е неопходно да се донесе одлуката што требаше да се донесе одамна“ и „веднаш“ да се признаат и двете како суверени држави. Потегот, рече тој, е одговор на долгогодишните борби на истокот на Украина, разорена од војна и обидите на Киев да „вовлече странски држави во конфликт со нашата земја“ со своите напори да му се приклучи на НАТО.