До трето одделение во училиште, останатите онлајн, предлага Комисијата за заразни болести

54

Настава со физичко присуство за учениците до трето одделение, останатите ќе учат од дома.

Ова го предлага Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок со претставници на МОН, пренесува Сител.

Преговорите за конечна одлука траат веќе неколку дена и во наредниот период ќе биде познато дали ќе биде прифатен овој предлог.