До 20 ноември учениците ќе ги добијат првите оценки учениците

13

Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат им препорачуваат на наставниците првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември, а Министерството за образование и наука и Бирото веќе ги известија училиштата за начинот на следење и оценување.

„При формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование. Наставниците имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити квалитетот на процесот на формирање на оценката. Во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката, велат од Министерството.

На наставниците им се препорачува на учениците да им се задаваат автентични задачи кои ја елеминираат можноста за готови одговори од наставните материјали или пак за одговори од други извори на информации. Кога станува збор за задачите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите.

Од наставниците се очекува да прават и табели поврзани со активностите на учениците, а на учениците треба јасно да им се претстават критериумите за оценување. Освен тоа, потребна е и редовна комуникација на наставниците со родителите на учениците.