Драматична снимка: Полицијата соборува татко на земја бидејќи нема маска, детето стои на страна и плаче

98

Полицијата во чешкиот град Ухерско Храдиште соборила на земја маж пред мало дете, и тоа, како што наведуваат локалните медиуми, поради тоа што не носел маска.


Инцидентот се случил во среда, како што пренесуваат чешките медиуми.

Човекот бил на прошетка со детето кога полицијата го сопрела бидејќи не ги почитувал мерките и одлучила да го приведе. Во следниот момент го собориле мажот на плочникот и легнале преку него, додека детето неутешно плачело во обид да го одбрани својот татко.

Детето во раце го земала работничка во еден локал во близина и се обидела да го смири, а полицајците го давеле мажот додека минувачите гледале, пренесува “Telegraf.rs”.

Од полицијата потврдиле дека дошло до таков инцидент и соопштиле дека двајцата полицајци се суспендирани.