Драстичен скок на позитивни лица во земјава, ќе има ли нови мерки од понеделник?

13

Октомвриското сонце ги наполни парковите и кафените.

Во очекување на евентуални нови рестриктивни мерки од понеделник, овој викенд граѓаните нема никакви ограничувања во движењето.

Ако викендов продолжи трендот на пораст на новозаразени со Ковид 19, Комисијата за заразни болести ќе предложи нов мерки до Владата.

Комисијата за заразни болести, поради растечкиот тренд на бројот на заболени, предложи нови мерки и рестрикции како скратување на работното време на еконосмките оператори до 23 часот, нови мерки за јавниот превоз.

Од понеделник пак, парламенот ќе гласа за досега предложениет мерки, меѓу нив и задолжително носење маска на отворено.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Посочи дека за кратко време се очекува и законот по скратена постапка да се реализира, со цел да се донесат новите мерки, кои ги предлага Комисија за заразни болести, а со цел да не се шири коронавирусот меѓу населението.

-Се изнуди практично таква ситуација, да мора да се интервенира во законот, поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во уредбата со законска сила, којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба. Така да ова е најдобриот начин да имаме една мерка, којашто е ефикасна и ќе може да се контролира и да се спроведе, вели Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266.

ЗАРАЗЕНИКОРОНАМЕРКИ