Дрвокрадци нападнале петмина полицајци, четворица се приведени

15

Група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва нападнале петчлена полициска патрола, синоќа околу 20 часот во атарот на велешкото село Степанци, пренесуваат повеќе медиуми.

Досега се приведени четири лица додека се работи на раслчистување на случајот, информира МВР.

Според неофицијални информации, двајца од нападнатите полицајци се тешко повредени.