ДРЖАВАТА ИЛИ СОПСТВЕНИОТ ГАЗ

238

Каде е државата а каде е газот? Еве каде! Додека државата е веќе пуштена низ реката наречена евроинтеграции, таа овака или онака си го има правецот. Но! Внатре, државата преживува една смешна фраза која вели ‘‘ каде е дното?… дното е над нас‘‘. Ние стигнавме до под дното. Во таква ситуација на ‘‘ паднати под дното‘‘, политичарите освен како да го сочуваат својот газ на политичката сцена ама баш ништо друго не размислуваат ниту пак имаа за цел. Во актуелниот момент никој за ништо друго не размислува освен како да осптане. Па дури и ДУИ, кој важи за ‘‘скриен директор во претпријатието‘‘, не е сигурен за себе ако се земе во предвид дека има повеќе албански партии отколку што му е потребен на албанскиот народ, каузата си е остварена, а премногу души би сакале да ја заземат позицијата на водечки албански фактор

Од Агим ЈОНУЗ
Пред некој ден онака на зафрканција, разговараме со еден пријател кој е во политиката и го прашувам кога е на дневен ред федерализацијата на Македонија. Се изнасмеја типот, вика а бе каква федерализација, да не сакаш ти да правиш ‘‘ Фри Шоп‘‘ на граница. Вели, никој не е будала да бара федерализација во овој момент. Вака ја држиме и контролираме цела држава. Ако правиме федерализација, тогаш ке се затвориме во рамки во кои сме ограничени. Овака, ‘‘ Јампала Гостивара‘‘, држиме контрола кај сакаш си се заебааме со кого сакаш. Ја се смејам заедно со него и да бидам искрен, до некаде се согласувам, зошто ако гледаме реално, албанците контролираат фактички се во државата. На крајот испаѓа дека македонците само аминуваат она што албанците го поставуваат како цел. Далеку од тоа дека тоа е за подсмевање или за некакво ‘‘ ситење ‘‘ со оглед на хаосот во македонскиот политички кампус, ама реално, типот има право. Што ке ти федерализација бе! Ма, дај све!!!! ‘‘All inclusive‘‘, како на одмор коа идеш у Турција.

Македонија во актуелниов момент има еден амбиент во кој ако гледаме со микроскоп, единствената тема која се однесува на државниот интерес над партискиот, е евроинегративниот процес, во кој без разлика на тоа кој би бил на власт, ке мора да игра по нотите кои ги свира европската унија. Во хаотичен социо-економски таратур во кој се наоѓа земјата, светот на политиката доживува ренесанса на она што се вика ‘‘ гледај си го својот газ‘‘, а за државата ќе гледаат европјаните. Ние како и да е играме чочек на нивни зурли и тапани, ама во меѓувреме дај да видиме како ние да си бидеме безбедни во светот на нашите привилегии, бенефити и контрола на теренот. Таков бизнис не се пропушта. Ако гледаме сериозно, албанската страна мува не ја лази, од проста причина што за разлика од македонската, колку и да си вади меѓу себе очи, во одност на ‘‘албанштината‘‘ е единствена и тоа е една од клучните работи зошто албанскиот политички кампус е во предност пред македонците. Националното чувство е монолитно, цврсто и нескршливо. Тоа што во една мултиетничка земја практикувањето на моноетничкиот принцип на политичко функционирање е понекогаш контра продуктивно за државата, тоа е друго прашање. Ако бидеме уште по искрени и аналитични, македонците воопшто не им даваат пример на албанците како се сака државатаако се земе во предвид цртањето на ‘‘црвени линии‘‘ на дигнитет и интегритет. Во таква консталација на односи, сите си играат комотна аполитика во држава која е етаблирана за да биде реално современа, функционална и бериќетна. Откога праксата покажа во Македонија дека држава не е за секого, поготово не за народ кој не знае како таа се организира, државата стана фантастично поле за слатко уживање во бенефитите на современата демократија која дозволува секому да се обиде.

Да се вратиме на насловот на колумната и да објасниме што е држава, а што е ‘‘сопствен газ‘‘. Не е прв пат да зборуваме за тоа дека интересите на државата во Македонија се ставени поодамна во втор план за сметка на ‘‘сопствените газови‘‘ на великаните на политичката сцена. Под великаните ги подразбирам големите партии, кои после триесет години сеуште функционираат по системот ‘‘ само јас да сум си на власт, па како ке ги решаваме проблемите ќе видиме после‘‘! Тоа е толку очигледно во Македонија, што не треба да си аналитички гениј за да разбереш дека тоа е така. Ајде да видиме каде е коренот на поентата ‘‘ државата или сопствениот газ‘‘! Од почеток. Во старт да кажеме и да забележиме дека одамна синтагмата ‘‘ албанците се криви за се‘‘ не игра веќе. Не држи вода, затоа што консеквенцата која како очајна држава ја преживуваме подразбира дека во Македонија се сменети многу влади, многу премиери и многу елементи на одлука во кои македонците го воделе главниот збор. Е, сега дојде време во кое албанците не само што дојдоа на исто рамниште со македонците, туку заземаа дури и улога на фактор без чија согласност и одлука ништо не може да се направи во државата. Тоа се должи на неспособноста на македонците да на еден кохерентен начин се држат на своите позиции кои подразбираат стабилна контрола над своите позиции.  Нејсе. Не е тоа темата. Темата е нешто сосема друго. Ова беше од етноцентристички агол на гледање.

Мислам дека не треба да анализираме посебно до каде е отидена социо-трагедијата на граѓаните на Македонија. Таа социо трагедија се должи не немање критериуми што е приоритет во водењето политика во земја која треба допрва да се развива. А, тоа е затоа што праксата покажува дека никој во суштина не ја сака оваа држава. Многу пати сме го анализирале тоа, ама колку да потсетиме дека овака збориме затоа што да беше поинаку, се ке беше сериозно поинаку. Никој, ама баш никој не се зазема сериозно за да создаде здрава социјална држава, не затоа што не сакаше, туку затоа што беше неспособен. Да успееше некој да создаде здрава социјална држава, комплетниот етноколорит ке имаше поинакво чувство и кон државата и кон секојдневието. И така дојдовме до една парадоксална ситуација во која ни самите не знаат како функционира државата во ситуација на хаос на политичката сцена. Единствениот успех може да се каже е податокот дека сме влезени во ‘‘пругата за Европа‘‘. Тоа е еден феномен во кој на релацијата Европа-Македонија нема потреба од водење креативна политика, туку само треба да се следи што се чека од нас. Тоа и дозволува на најголема бројка на политичари воопшто да немаат потреба од ‘‘своја политика‘‘, туку само од следење на правила кои стојат како работна политичка заздача. Тоа е кон ‘‘надвор‘‘. Во меѓувреме НАТО ги загарантира границите и ние добивме на тацна држава за која нема потреба да се грижиме дали некој ке ја распарчува. Одлично! Е, сега тука се крие зајакот на анализата. Македонија има два нивоа на политика. Едно кон ‘‘ надвор‘‘ и едно кон ‘‘внатре, дома‘‘. Кон надвор постои стандардна линија на однесување кое подразбира дипломатија кон Европа,  во која таа ги поставува правилата. Од македонска страна, нема потреба од многу ‘‘ мозгање‘‘! Што ти треба – Бујрум! Арно ама, проблемот е она друго ниво на политика а тоа е она за ‘‘внатре‘‘. Е, таа политика е во суштина вистинската слика на Македонија.

Каде е државата а каде е газот? Еве каде! Додека државата е веќе пуштена низ реката наречена евроинтеграции, таа овака или онака си го има правецот. Но! Внатре, државата преживува една смешна фраза која вели ‘‘ каде е дното?… дното е над нас‘‘. Ние стигнавме до под дното. Во таква ситуација на ‘‘ паднати под дното‘‘, политичарите освен како да го сочуваат својот газ на политичката сцена ама баш ништо друго не размислуваат ниту пак имаа за цел. Во актуелниот момент никој за ништо друго не размислува освен како да осптане. Па дури и ДУИ, кој важи за ‘‘скриен директор во претпријатието‘‘, не е сигурен за себе ако се земе во предвид дека има повеќе албански партии отколку што му е потребен на албанскиот народ, каузата си е остварена, а премногу души би сакале да ја заземат позицијата на водечки албански фактор. Во битката за власт сосема е можно да се обедини албанската политичка опозиција против ДУИ. Во меѓувреме се почестата и појака иницијатива на опозицијата за предвремени парламентарни избори доведува до сериозно стравување дека доколку би ги имало, многу нешта би се измешале и многу ликови би требало да исчезнат од сцената. Реално, предвремените парламентарни избори не би промениле апсолутно ништо, затоа што социо-економската проблематика која е преголема не може ама баш никој да ја смени додека не ја искорени корупцијата, криминалот, непотизмот, партизацијата и триста финти кои носат профит. А, кој да ја смени. На политичката сцена владее мафија, а не здрави политички платформи, програми и правци. Трулоста е навлезена во сите можни пори на општеството. Комплетната контрола на општеството по принцип на партиски клуч е позиција која секоја страна грчевито ја чува. Тоа е моќ! Тоа се бизниси! Тоа се пари! Која будала ке дозволи сето тоа да се растури. Никој. Во меѓувреме градењето на здрава држава по принципот на владеење на правото, вредностите, можностите, паѓа во вода. Паѓа, затоа што градењето на здрава социјална држава и грижата за народните социјални интереси подразбира консензус меѓу партиите. Ако треба и широка коалиција во интерес на решавање на проблемите врзани за животот на народот. А како да има консензус ако позициите на партиите се косат со интересите на терен. Сите страни треба да проголтаат по некој компромис, ама не сакаат. И како после да не дефинираме дека никој не ја сака државата!? Грешам!? Не! Како тогаш да не прашаме дали се поважни државните интереси, државата или ‘‘ сопствениот газ‘‘. Секако на политичките страни.

Македонија е една селска политичка работилница во која се произведува се освен квалитетен живот.  Директорот кој седи на Калето диригира, Европа заебава, Бугарија уценува, ние си ги мериме ‘‘Хашимите‘‘, се караме кој е поголем Католик од Папата,… народот гладува, разочаран, тотално отиден у пичку лепу материну! Државата!?… Ма дај гледај си својот газ! Гледај да бидеш во филмот, гледај да те викаат ‘‘господине‘‘,.. па макар и зорлем, макар и се подсмевале со тоа! Држава! ,.. ма каква држава!
ООО ЏЕМААТ !… Никако да ти нацртам што е држава! Бива ли толку да си глуп! Уморен сум од тебе,… МРШ ДОМА!!!! ДА ТИ ЕБАМ СОРТАТА ПРИМИТИВНА!
(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)