Државниот архив домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања

1

Од денеска до 10 ноември, Државниот архив ќе биде домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) со седиште во Виена, кој ќе се одржи во Скопје и во Охрид.

Како што информираат од Државниот архив, темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“.

Посочуваат дека во рамки на оваа Конференција ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко.