Дрогата како чалам и како зависност!

58

Eмин АЗЕМИ

Ако направите случајно истражување, сите соговорници го вперуваат прстот кон државните органи, кои се покажуваат многу рамнодушни кон овој девијантен феномен. Постојат многу приказни кои започнуваат и завршуваат со апсурдни приказни за вмешаноста на одредени полициски сегменти во дистрибуцијата на дрогата.

Зафатени со големи теми, се случува во нашиот живот кришум да влегуваат опасни непријатели, што ја прават многу по неизвесна нашата иднина. Последните статистики покажуваат дека секој четврти млад човек во Македонија ја пробал дрогата и оваа алармантна бројка покажува за хаотичната состојба во која се наоѓаме како општество и како држава. Тоа што е најмногу загрижувачко во овие статистики е дека старосната граница на корисниците на дрогите секогаш е во опаѓање.
Дрогата се користи од младите луѓе најпрвин од љубопитноста, или од чаламот, кои, под влијание на нивните врсници, почнуваат да прават експерименти со дрогите, не знаејќи кои ризици следуваат. Во некои полициски акции преземени минатата година, доминирале случаи на запленување на синтетички таблети. МВР вели дека во врска со синтетичките дроги и акциите во домовите, дискотеките, ноќните клубови, врстата на дрогата што најмногу се запленува е екстазата. Најголемото присуство на синтетички таблети, според запленетата количина, е регистрирано во Скопје, Тетово, Штип и Охрид. Според МВР, употребата на синтетички дроги предизвикува силна физичка зависност и широк спектар на несакани ефекти и заболувања. Во анализата на лековите на пазарот – кокаината, канабисот и синтетичката дрога, направени од Канцеларијата на Обединетите Нации за Дрогата и Криминалот (УНОДЦ- UNODC), околу 450.000 луѓе починале само во 2015 година како последица на употребата на дрогата. Од овие смртни случаи, 167.750 лица биле директно поврзани со употреба на дрогата. Така, неодамнешниот извештај на УНДЦ предупредува дека значително е зголемен производството на метамфетаминот во Југоисточна Азија, во текот на изминатата година, предизвикувајќи прекумерно снабдување со дрога во овој регион. Случајот од 2017 година е многу вознемирувачки после долга меѓународна истрага во соработка меѓу Србија и Македонија, тајната служба на Соединетите американски држави и Турција го открија најголемата лабораторија за синтетички недозволени лекови на Балканот. Лабораторијата се наоѓаше во Мала Речица во Тетово. Лабораторијата беше создадена од српски и македонски граѓани. Дрогата која беше произведена, во главно се продаваше во Србија, Македонија и во другите околни земји.

Ваквото епидемиско распространување на дрогата во нашите населби, особено во училишните простории, е аларм што треба да ги активира сите. Тоа го бара неопходноста на отворање на програмите за лекување и грижа на младите луѓе кои користат дроги, бидејќи овие програми во моментов не постојат во Република Македонија. Младите треба да се информираат и воспитуваат за опасностите од употребата на дрогата, додека родителите и наставниците се клучните алки што треба да функционираат во спречувањето на оваа лоша појава.
Ако направите случајно истражување, сите соговорници го вперуваат прстот кон државните органи, кои се покажуваат многу рамнодушни кон овој девијантен феномен. Има многу приказни што започнуваат и завршуваат со апсурдни приказни за вмешаноста на одредени полициски сегменти во дистрибуцијата на дрогата.

Кој може да го спречува оваа несреќа што му се заканува на нашето општество? Ако продолжува овој тренд, нашата младина ќе се претворува во „ледина“, што на никому нема да му биде потребна и во иднина!