Д-р Пановски: Пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија

23

Пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија, смета микробиологот д-р Никола Пановски, кој во гостувањето кај Жарко Димитриоски во „Еден на Еден“, ја спореди смртноста во светот со онаа кај нас.

-Смртноста во светот деновиве премина 5,5 милиони смртни случаи. Кога светот би бил како Македонија ќе беа 33 милиони умрени. Значи, пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија, рече Пановски.