Егзит ќе се оддржи годинава!

63

Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, потврди дека оваа година ќе биде можно да се одржи фестивалот Егзит, што, според организаторите, би било симбол на победата над пандемијата.

Фестивалот лани не беше во можност да ја одбележи 20-годишнината поради кризата со коронавирусот, но успешната имунизација во Србија им оди во прилог на организаторите, кои веруваат дека тој ќе се одржи според планот од 8 до 11 јули.

„Изјавата на градоначалникот Вучевиќ дека Егзит ќе може да се одржи ова лето одекна како сензација во светските музички кругови. Тоа претставува клучна потврда дека големата прослава на 20 години Егзит ќе се одржи на Петроварадинската тврдина од 8 до 11 јули“, соопштија организаторите.

Вучевиќ кажа дека влез ќе биде дозволен за сите кои се вакцинирале или го прележале ковид-19.

„На останатите посетители од земјата и странство ќе им се обезбеди брз антигенски тест во посебна зона во близина на фестивалот“, додадоа организаторите.

Годинашната листа учесници се состои главно од врвни имиња од електронската сцена.