Еден загинат, 150 повредени во земјотресот во Албанија

8

Еден човек загинал, а над 150 се повредени во земјотресот што рано утрово ја погоди Албанија. Магнитудата од 6,4 степени според Рихтер, ги разбуди луѓето во 4 часот наутро и панично да бегаат од своите домови.

Според медиумите, еден човек во градот Курбин, скокнал од зградата каде живеел, и починал на лице место. Здравствените власти јавија дека во болница се 150 луѓе со повреди здобиени од паничното бегање. Медиумите во Албанија јавуваат за урнати згради под чии урнатини има и затрупани.

Ова е втор силен земјотрес за два месеца што ги принудува граѓаните на Тирана и на други места да ги напуштат домовите.

Земјотрес со сила од 5,6 степени ја погоди Албанија на 21 септември при што беа оштетени 500 куќи.

Овој земјотрес, според албанските власти, бил најсилниот земјотрес во изминативе 30 години.

Денешниот земјотрес беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Италија и Грција.