Еден полицаец настрада, друг тешко повреден на патот Тетово-Гостивар

3

На патот Тетово-Гостивар денеска се случи тешка сообраќајна несреќа.

Полициските службеници од полициската станица Гостивар П.Ѓ. и Ф.Ш. биле удрени од патничко возило „форд фокус“ додека обезбедувале сообраќајна несреќа која се случила претходно меѓу други две возила.

П.Ѓ. починал, додека Ф.Ш. е пренесен во болницата во Гостивар.

Лицето Р.Ш. (31) од село Грашица, кое управувало со возилото „форд фокус“ е уапсено и пренесено во полициската станица Гостивар.