Едно лице загина, неколку исчезнати по експлозија на островот Џерси

13

Едно лице загина, а неколку се исчезнати по експлозија на островот Џерси во близина на брегот на северна Франција, соопшти денеска локалната полиција.

„По утринската експлозија во Хаут ду Монт на улицата Пјер, голем број жители се уште се водат како исчезнати. Службите за итни случаи се на лице место и почнаа со површинска потрага на областа“, објави полицијата во Џерси на Твитер.

Британските телевизиски канали објавија дека едно лице загинало, а полицијата ја потврди оваа информација.

Џерси е британски имот со сопствен финансиски и судски систем и население од нешто повеќе од 100.000 луѓе.