Ед Ширан – уметник на деценијата во Велика Британија

13

Eд Шеран е прогласен за британски уметник на деценијата од страна на Official Charts Company, британска интер-професионална организација која составува официјални табели со музички хитови или таканаречени топ листи на Велика Британија, вклучувајќи синглови, албуми, број на прегледи и превземања од интернет.

Ширан го достигна врвот со комплетна доминација во музичкиот простор во Британија, имено, тој имаше 12 број-еден синглови и албуми во период помеѓу 2010 и 2019 година – повеќе од кој било друг уметник.

Тој исто така останал најмногу недели (79) на прво место на топ листите за албуми како и на топ листите за синглови во последниве 10 години.

Shape Of You беше најголемиот хит na 2010-тите, песната беше 14 недели на прво место на топ листата со продадени повеќе од 4.5 милиони примероци.

Ширан им се заблагодари на своите следбеници за успехот.

„Им благодарам на сите што ме поддржуваа во изминатите 10 години, особено на моите неверојатни фанови. Да наздравиме за следните 10!”

Shape Of You е еден од трите синглови на Ширан на листата на петте најдобри на крајот на деценијаta. Thinking Out Loud е на број три, додека Perfect е на петто место.

Севкупно, Ширан помина 38 недели на првото место на табелата за синглови и продаде 53,8 милиони песни. Неговите песни биле пренесувани 4,6 милијарди пати само во Велика Британија.