Експерти: Дебелината го зголемува ризикот од смрт од ковид-19

27

Дебелите луѓе имаат зголемен ризик од смрт или тежок облик на ковид-19, покажа извештајот на англискиот институт за јавно здравје (PHE), а експертите дошле до некои врски помеѓу тие две пандемии.

PHE во саботата објави податоци кои покажуваат дека луѓето со индекс на телесна маса (БМИ) од 30 до 35 имаат 40 проценти поголем ризик да умрат од ковид-19, а дури 90 проценти кај оние со БМИ поголем од 40, во споредба со луѓе со здрава тежина.

Луѓето со БМИ над 30 се сметаат за дебели. PHE вели дека скоро 63% од возрасните во Англија се со прекумерна тежина или дебели.

„Тековните докази се јасни и покажуваат дека да се има прекумерна тежина или дебелина, ве става во опасност за посериозна форма или смрт од „ковид-19“, но и за оние кои се изложени на многу други сериозни заболувања“, рече Алисон Тедстон, главен нутриционист во PHE.

И другите истражувања ширум светот покажуваат дека луѓето со прекумерна телесна тежина или дебелите луѓе имаат поголем ризик за ковидни компликации.

Пронајдени некои врски

Научниците сè уште се обидуваат да утврдат точно кој специфичен механизам може да ја објасни врската помеѓу дебелината и ковидот, а досега тие идентификувале неколку фактори.

Дебелината доведува до акумулација на маснотии во виталните органи и до отпорност на инсулин и висок крвен притисок. Ова значи дека дебелината често пати оди заедно со други здравствени заболувања, како што се дијабетес, послабото срце и слабо функционирање на црниот дроб и бубрезите.

Преголемата акумулација на маснотии исто така може да влијае на респираторниот систем. Поради дебелината, луѓето немаат здив и немаат кислород во крвта и ткивата.

„Дебелината додава притисок на скоро секој орган или систем во телото“, тврди Сузан Џеб, професорка по исхрана и јавно здравје во Оксфорд, Велика Британија. „Значи, веројатно не е изненадувачки што го зголемува ризикот од компликации на ковид-19“.

Пандемијата ја изразува потребата поагресивно да се реши проблемот со дебелината

Масното ткиво има и повисоки нивоа на ангиотензин конвертирачки ензим 2 (ACE2) што новиот коронавирус го користи за влез во клетките. Луѓето со повисоко ниво на ACE2 во крвта и ткивата се со поголема веројатност да заразат со ковид-19, велат експертите.

Франческо Рубино, експерт за дебелина и раководител на одделот за баријатрична и метаболичка хирургија на Кинг колеџот во Лондон, ја нарекува врската помеѓу ковид и дебелина „ судир на две пандемии “.

„Пандемијата на коронавирус навистина ја изразува потребата поагресивно да се справиме со дебелината“, рече тој. „Лекцијата од пандемијата на ковид-19 е дека не лекување на дебелината не е опција“.

Извор: Index.hr
Share
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА